Table of Contents

  1. Preface
  2. Article 1
  3. Article 3
  4. Прилог 1

This is the version of this document as it was from 10 January 2013 to 14 December 2017.

North Macedonia

Уредба за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини и толеранција за гранична вредност, целн вредности и долгорочни цели, 2005

Regulations НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТАЛНИОТ-ВОЗДУХ of 2005

  • Published on 22 Јуни 2005
  • Commenced on 22 Јуни 2005
  • [This is the version of this document as it was from 10 Јануари 2013 to 14 Декември 2017.]
  1. [Amended by Decree amending and supplementing the Decree on limit values ​​for levels and types of pollutants in ambient air and alert thresholds, deadlines for reaching limit values, margins of tolerance for limit value, target values ​​and long-term goals (2013) (Regulations LEVELS-AND-TYPES-OF-POLLUTANTS-IN-AMBIENT-AIR of 2013) on 10 Јануари 2013]
Врз основа на член 10 од Законот за квалитет на амбиентниот воздух (“Службен весник на РМ” 6p. 67/04) и член 36, став 2 од Законот за Владата на Република Македонија (“Службен весник на РМ“ 6p. 59/00 и 12/03), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 22.06.2005 година, донесе

Член 1

Co оваа уредба ce пропишуваат гранични вредности за нивоата и видовите на загадувач-ки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели за озон.

Член 2

Одредени изрази употребени во оваа уредба ro имаат следното значење:
1.Долгорочни цели ce: нивоа на концентрации на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух под кои, во согласност co современите научни постигнувања, директните неповолни ефекти врз човековото здравје и/или животната средина во целина ce малку веројатни и кои треба долгорочно да ce постигнат, колку што e можно поблиску, за да ce постигне ефективна заштита на човековото здравје и на животната средина.[параграф 1 изменет со член 1 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]
2.Целни вредности за озон ce: нивоа на концентрации на озонот во амбиентниот воздух кои што ce фиксирани co цел да ce избегнат повеќе долгорочни штетни ефекти врз човековото здравје и/или животната средина како целина, a кои што треба да ce постигнат во определен период.
3.Азотни оксиди ce: збир на азотен оксид и азот диоксид дадени во милијардити делови и изразени како азот диоксид во микрограми на кубен метар.
4.Суспендирани честички со големина до десет микрометри (PM10): се честички во прав кои поминуваат низ направа со отвор кој врши селекција според големина, како што е дефинирано во референтиот метод МКС ЕN 12341 за земање примероци и за мерење на РМ10, со ефикасност на поминување од 50% низ отвор со аеродинамичен дијаметар до 10 m (микрометри).[параграф 4 заменет со член 1 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]
5.Праг за предупредување за озон e: ниво над кое постои ризик за човековото здравје, за посебно осетливи делови од населението, како резултат од краткотрајна изложеност и за кое ce неопходни ажурирани информации.
6.Рок e: временски период кој e предвиден за претставување на вредностите на прагот, a во текот на кој ce мери загадувачката супстанција во воздухот.
7.Суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри (PM2.5): се честички во прав кои поминуваат низ направа со отвор кој врши селекција според големина, како што е дефинирано во референтниот метод МКС ЕN 14907 за земање примероци и за мерење на РМ2.5, со ефикасност на поминување од 50% низ отвор со аеродинамичен дијаметар до 2.5m (микрометри).[параграф 7 додаден со член 1 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]
8.Вкупна депозиција е вкупната маса на загадувачките супстанции која се пренесува од атмосферата до површината (пр. почва, вегетација, вода, објекти итн.) во определена област за определен временски период.[параграф 8 додаден со член 1 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]
9.Арсен, кадмиум, никел и бензо(а)пирен е вкупната содржина на овие елементи и соединенија во PM10 фракциите.[параграф 9 додаден со член 1 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]
10.Полициклични ароматични јаглеводороди се органски соединенија, составени од најмалку два кондензирани ароматични прстени составени само од јаглерод и водород.[параграф 10 додаден со член 1 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]
11.Жива во гасовита состојба е пареа од елементарна жива и реактивна жива во гасна состојба, т.е. сооединенија на жива растворливи во вода кои на доволно висок парен притисок постојат во гасна состојба.[параграф 11 додаден со член 1 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]

Член 3

[член 3 избришан со член 2 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]

1. Гранични вредности за нивоа на концентрации на сулфур двооксид во амбиентниот воздух и праг на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција

Член 4

Гранични вредности за нивоа на концентрации на сулфур диоксид во амбиентниот воздух, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција ce дадени во Прилог 1 поглавје Аточка 1.Прилогот 1 e даден во прилог на оваа уредба и e нејзин составен дел.

Член 5

Праг на алармирање за сулфур двооксид во амбиентниот воздух e даден во Прилог 1 поглавје Ц точка 1.

2. Гранични вредности за нивоа на концентрации на азот двооксид и азотни оксиди во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција

Член 6

Гранични вредности за нивоа на концентрациите на азот двооксид и азотни оксиди во амбиентниот воздух, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција ce дадени во Прилог 1 поглавје A точка 2.

Член 7

Праг на алармирање за азот двооксид во амбиентниот воздух e даден во Прилог 1 поглавје Ц точка 2.

3. Гранични вредности за нивоа на концентрации на суспендирани честички co големина од 10 микрометри (PM10) во амбиентниот воздух, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција

Член 8

Гранични вредности за нивоа на концентрации на суспендирани честички co големина од 10 микрометри (PM10) во амбиентниот воздух, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција ce дадени во Прилог 1 поглавје A точка 3.

4. Гранични вредности за нивоа на концентрации на олово во амбиентниот воздух, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција

Член 9

Гранични вредности за нивоа на концентрации на оловото во амбиентниот воздух, крајните рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција ce дадени во Прилог 1 поглавје A точка 4.

5. Гранични вредности за нивоа на концентрации на бензин во амбиентниот воздух, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција

Член 10

Гранични вредности за нивоа на концентрации на бензин во амбиентниот воздух, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција ce дадени во Прилог 1 поглавје A точка 5.

6. Гранични вредности за нивоа на концентрации на јаглерод моноксид во амбиентниот воздух, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција

Член 11

Гранични вредности за нивоа на концентрации на јаглерод моноксид во амбиентниот воздух, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција ce дадени во Прилог 1 поглавје A точка 6.

7. Целни вредности и долгорочни цели, праг на предупредување и праг на алармирање за озонот во во амбиентниот воздух

Член 12

Целни вредности за 2010 година, за нивоа на концентрации на озон во амбиентниот воздух ce дадени во Прилог 1 поглавје Б точка 1.Долгорочни цели за озон во амбиентниот воздух ce дадени во Прилог 1 поглавје Б точка 2.

8. Гранични вредности за нивоа на концентрации на суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри во амбиентниот воздух, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција и целни вредности

[Наслов 8 додаден со член 3 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]

Член 12-a

(1)Гранични вредности за нивоа на концентрации на суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри во амбиентиот воздух, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција се дадени во Прилог 1 поглавје А, точка 7 на оваа уредба.
(2)Целната вредност за суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри се дадени во Прилог 1, поглавје Б точка 2 на оваа уредба.
[член 12-а вметнат со член 3 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]

9. Целни вредности за нивото на концентрација на арсен, кадмиум, никел и бензо(а)пирен во амбиенталниот воздух

[Наслов 9 додаден со член 3 од Прописи ЗА НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]

Член 12-б

Целни вредности за нивоа на концентрации на арсен, кадмиум, никел и бензо(а)пирен во амбиентниот воздух се дадени во Прилог 1 поглавје Б точка 2 на оваа уредба.[член 12-б вметнат со член 3 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]

Член 13

Праг на предупредување и праг на алармирање за озон во амбиентниот воздух e даден во Прилог 1 поглавје Ц точка 3.

Член 13 – a

За да се осигура дека концентрациите на загадувачките супстанци во амбиентниот воздух, не ги надминуваат граничните и целните вредности и соодветната маргина на толеранција, во зоните и агломерациите треба да се спроведат сите потребни мерки дефинирани во Плановите за квалитетот на воздухот согласно член 26 од Законот за квалитет на амбиентниот воздух, без притоа да се наметнат несразмерни трошоци.[член 13а вметнат со член 4 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]

Член 13 – б

(1)Во случај кога, во дадена зона или агломерација, сообразноста со граничните вредности за азот двоксид или на бензен не може да се постигне до роковите наведени во Прилог 1 точка 2 и точка 5 од оваа уредба, може истите да се одложат за најмногу пет години за таа одредена зона или агломерација, само врз основа на донесен План за квалитет на воздухот во согласност со член 26 ставови (1), (5), и (7) од Законот за квалитет на амбиентниот воздух за зоната или за агломерацијата на која ќе се применува одложувањето, во кој соодветно се вградуваат информациите наведени во Плановите за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух и Краткорочните акциони планови за заштита на амбиентниот воздух кои се подготвуваат согласно член 23 од Законот за квалитет на амбиентниот воздух во однос на одделните загадувачки супстанции на начин, и тоа на начин со кој ќе се прикаже постигнување сообразност со граничните вредности во определениот нов рок.
(2)Во случај кога, во дадена зона или агломерација, сообразноста со граничните вредности за PM10, како што се утврдени во Прилог 1, Поглавје А, точка 3 од оваа уредба, не може да се постигне поради посебни карактеристики на разместеност, неповолни климатски услови или прекугранични придонеси, примената на гранични вредности може да се одложи најдоцна до крајот на 2015 година под услов да се исполнети условите утврдени во став (1) од овој член и доколку Министерството за животна средина и просторно планирање покаже дека се преземени сите соодветни мерки на национално, регионално и на локално ниво за да се исполнат роковите.
(3)Со примена на одредбите од ставовите (1) и (2) од овој член, треба да се обезбеди граничната вредност за оние загадувачки супстанци, наведени во Прилог 1, Поглавје А од оваа уредба да не ја надминува максималната маргина на толеранција.
(4)Пред да се примени одложувањето на граничните вредности на азот двоксид или на бензен утврдени во ставовите (1) и (2) од овој член Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува Владата на Република Македонија (во понатамошниот текст: Владата) со цел да ја информира за состојбата со постигнувањето на граничните вредности на загадувачките супстанци и за мерките утврдени во Планот за квалитет на воздухот од став (2) на овој член, вклучувајќи ги сите релевантни информации кои и се потребни на Владата за да оцени дали се задоволени релевантните услови или не. Во својата оценка, Владата ги зема предвид проценетите влијанија на мерките кои ги презема министерството и другите правни лица со цел заштита на квалитетот на амбиентниот воздух, во моментот, како и оние што ќе се преземаат во иднина, како и проценетите влијанија на тековните мерки и на планираните мерки што се преземаат во соседните држави на Република Македонија.
(5)Одложувањето на примената на граничните вредности на азот двоксид или на бензен може да се одобри доколку се утврди дека се исполнети релевантните услови утврдени во ставовите (1), (2) и (3) од овој член.
(6)По исклучок од став (5) на овој член може да се да предвидат други мерки за приспособување или да се подготват нови Планови за квалитет на воздухот, доколку се оцени дека тие ќе бидат поефикасни во запазувањето на роковите за постигнување на граничните вредности на загадувачките супстанции.
[член 13-б вметнат со член 4 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]

Член 14

Гранични вредности, целните вредности и долгорочните цели за нивоа на концентрации на пооделните загадувачки супстанци дадени со оваа уредба се изразени во микрограми на метар кубен (µg/m3), додека пак за јаглерод моноксид во милиграми на метар кубен (mg/m3), а за арсен, кадмиум, никел и бензо(а)пирен во нанограми на метар кубен (ng/m3).[член 14 заменет со член 5 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]

Член 15

Волуменот ce изразува во стандардни услови на температура од 293°K и притисок од 101,3 кРа.

Член 16

Оваа уредба влегува во сила co денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, a ќе ce применува од 1.01.2007 година.

Прилог 1

A. Гранични вредности за ниво на концентрации, маргини на толеранција и рокови за постигнување на граничните вредности.

1.Сулфур двооксид
 Период за пресметување на просекотГранична вредностМаргина на толеранцијаДатум до кога треба да ce достигне граничната вредност
1.Едночасовна гранична вредност за заштита на човековото здравје1 час350 µg/m3 не смее да биде надмината повеќе од 24 пати во текот на една календарска година150 µg/m3 (43%) при денот на отпочнување на примената на оваа Уредба, co намалување натаму на секои 12 месеци во еднакви годишни проценти, за да достигне 0% до 1-ви јануари 2012 година1-ви јануари 2012 година
2.Дневна гранична вредност за заштита на човековото здравје24 часа125 µg/m3 не смее да биде надмината повеќе од 3 пати во текот на една календарска годинаНема 
[точка 2 изменета со член 6 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]
3.Критично ниво за заштита на вегетацијатаКалендарската година и зима (1 октомври - 31 март)20 µg/m3Нема 
[точка 3 изменета со член 6 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]
2.Азот двооксид и азотни оксиди
 Период за пресметување на просекотГранична вредностМаргина на толеранцијаДатум до кога треба да ce достигне граничната вредност
1.Едночасовна гранична вредност за заштита на човековото здравје1 час200 µg/m3 NO2, не смее да биде надмината повеќе од 18 пати во текот на една календарска година100 µg/m3 (50%) при денот на отпочнување на примената на оваа Уредба, co намалување натаму на секои 12 месеци во еднакви годишни проценти, за да достигне 0% до 1-ви јануари 2012 година1-ви јануари 2012 година
2. Годишна гранична вредност за заштита на човековото здравјеКалендарска година40 µg/m3NO220 µg/m3(50%) при денот на отпочнување на примената на оваа Уредба, co намалување натаму на секои 12 месеци, во еднакви годишни проценти, за да достигне 0% до 1-ви јануари 2012 година1-ви јануари 2012 година
3.Критично ниво за заштита на вегетацијатаКалендарска година30 µg/m3NOxНема1-ви јануари 2012 година
[точка 3 изменета со член 6 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]
3.Суспендирани честички co големина од десет микрометри (PM10)
 Период за пресметување на просекотГранична вредностМаргина на толеранцијаДатум до кога треба да ce достигне граничната вредност
[параграф 3 изменет со член 6 на Правилник за нивоа и видови загадувачи во амбиенталниот воздух од 2013 година]
4.Олово
 Период за пресметување на просекотГранична вредностМаргина на толеранцијаДатум до кога треба да ce достигне граничната вредност
Годишна гранична вредност за заштита наКалендарска година0,5 µg/m30,5 µg/m3 (100%) при денот на отпочнување на примената на1-вијануари 2012 година во непосредна близина на
човековото здравје  оваа Уредба, co намалување натаму на секои 12 месеци во еднакви годишни проценти, за да достигне 0% до 1-ви јануари 2012 година, како и во непосредна близина на специфични индустриски извори лоцирани на места загадени од индустриски активности.специфични индустриски извори лоцирани на места загадени од индустриски активности.
5.Бензен
 Период за пресметување на просекотГранична вредностМаргина на толеранцијаДатум до кога треба да ce достигне граничната вредност
Гранична вредност за заштита на човековото здравјеКалендарска година5 µg/m35 µg/m3 (100%) при денот на отпочнување на примената на оваа Уредба, co намалување натаму на секои 12 месеци во еднакви годишни проценти, за да достигне 0% до 1-ви јануари 2012 година1-вијануари 2012 година
6.Јаглерод моноксид
 Период за пресметување на просекотГранична вредностМаргина на толеранцијаДатум до кога треба да ce достигне граничната вредност
Гранична вредност за заштита на човековото здравјеМаксимална дневна осумчасовна средна концентрација10 mg/m36 mg/m3 (60%) при денот на отпочнување на примената на оваа Уредба, co намалување натаму на секои 12 месеци во еднакви годишни проценти, за да достигне 0% до 1-ви јануари 2012 година1-ви јануари 2012 година
Максималната дневна осумчасовна средна вредност на концентрација ќе ce избере co испитувањето на осумчасовни тековни средни вредности, пресметани од часовните податоци и ажурирани на секој час.Секоја вака пресметана осумчасовна средна вредност ќе биде назначена на ден во кој таа завршува, односно првиот период на пресметката за секој ден ќе биде периодот од 17,00 часот од претходниот ден до 01,00 часот наредниот ден, a последниот период на пресметка за секој ден ќе биде периодот од 16,00 часот до 24,00 часот тој ден.
7.Суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри (PM2.5)
 Период за пресметување на просекотГранична вредностМаргина на толеранцијаДатум до кога треба да се достигне граничната вредност
Фаза 1
Годишна гранична вредностКалендарска година25 μg/m320% на 11 јуни 2008 година, ce намалува на следнит 1 јануари и секои 12 месеци потоа по еднакви годишни проценти за да достигне 0% до 1 јануари 2020 година1 јануари 2020 година
Фаза 2(1)
Годишна гранична вредностКалендарска година20 μg/m3 1 јануари 2025 година
(1)Фаза 2 – индикативната гранична вредност треба да ја прегледа Министерството за животна средина и просторно планирање во 2018 година во смисла натамошни информаци за здравјето и за ефектите врз животната средина, техничката изводливост и искуството на целната вредност во земјите членки.
[став 7 додаден со член 6 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]

Б. Цели и долгорочни цели за озонот

[подточка б изменета со член 6 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]AOT40 изразен во (µg/m3 x часови) е збир од разликите помеѓу часовните концентрации поголеми од 80 (= 40 делови на милијарда) и 80 µg/m3 во текот на анализираниот период, користејќи едночасовни вредности мерени секој ден помеѓу 8:00 часот наутро и 20:00 часот по централноевропско време.За да бидат валидни, годишните податоци за вишоците што се користат за проверка на усогласеноста со целните вредности и долгорочните цели дадени подолу мора да ги исполнуваат критериумите за собирање податоци и пресметка на статистички параметри согласно Правилникот за критериумите, методите и постапките за оценување на квалитетот на амбиентниот воздух.
1.Целни вредности за озон
 ПараметарЦелна вредност за 2010(a)
1. Целна вредност за заштита на човековото здравјеМаксимална дневна осумчасовна средна вредност на концентрација(6)120 µg/m3, не смее да биде надмината во повеќе од 25 денови во календарската година co средна вредност измерена за период од три години(ц)
2. Целна вредност за заштита на вегетацијатаAOT40, пресметана од едночасовни вредности од 1-ви Maj до 31-ви Јули.18000 µg/m3h пресметана средна вредност за период од пет години(ц)
(a)Сообразноста co целните вредности за озонот почнува од 2010 година, односно, оваа година ќе биде првата година за којашто ќе ce применуваат податоците во пресметувањето на сообразноста во приодот од следните три или пет години.(6)Максималната дневна осумчасовна средна вредност на концентрацијата ќе ce избира co испитување на тековните осумчасовни средни вредности, пресметани од часовните податоци кои ce ажурираат секој час.Секој осумчасовна средна вредност пресметана на овој начин ќе биде назначена на денот во кој што завршува, односно, првиот период за пресметување за секој ден ќе биде периодот од 17,00 часот претходниот ден до 01,00 часот наредниот ден, додека последниот период на пресметување за секој ден ќе биде периодот од 16,00 часот до 24,00 часот тој ден.(ц)Доколку тригодишните или петгодишните средни вредности не можат да ce утврдат на основа на комплетните последователни годишни податоци, минималните годишни податоци потребни за проверка на сообразноста co целните вредности ќе бидат следните податоци:за целната вредност за заштита на човековото здравје ce валидни податоци за една годиназа целната вредност за заштита на вегетацијата ce валидни податоци за три години
2.Целна вредност за суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри (PM2,5)
Период за пресметување просекЦелна вредностДатум до кога целната вредност треба да се исполни
Календарска година25 𝜇g/m31 јануари 2015 година
[став 2 вметнат со член 6 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]
3.Целни вредности за арсен, кадмиум, никел и бензо(а)пирен
Загадувачка супстанцаЦелна вредност (a)
Арсен6ng/m3
Кадмиум5ng/m3
Никел20ng/m3
Бензо(а)пирен1ng/m3
(a)За вкупната содржина во фракцијата на РМ10 со просечна вредност во текот на една календарска година
[став 3 додадено со член 6 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]
4.Долгорочни цели за озон
 ПараметерДолгорочна цел
Долгорочна цел за заштита на човековото здравјеМаксимална дневна осумчасовна средна вредност на концентрација во текот на календарската година120 µg/m3
Долгорочна цел за заштита на вегетацијатаAOT40, пресметана од едночасовните вредности од мај до јули6000 µg/m3h
[став 4 поранешен став 2 пренумериран со член 6 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]

Ц. Праг за информирање

[наслов заменет со член 6 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]
1.Сулфур двооксид500 µg/m3 измерени во текот на три последователни часови на локации репрезент на квалитетот на амбиентниот воздухот на најмалку 100 км2 или цела зона или агломерација, во зависност која од нив e помала.
2.Азот двооксид400 µg/m3 измерени во текот на три последователни часови на локации репрезенти на квалитетот на амбиентниот воздухот на најмалку 100 км2 или цела зона или агломерација, во зависност која од нив e помала.
3.Праг за алармирање и праг за информирање за озон[наслов заменет со член 6 од Правилник за НИВОА-И-ВИДОВИ-НА-ЗАГАДУВАЧИ-ВО-АМБИЕНТНИОТ-ВОЗДУХ-од 2013 година]
 ПараметарПраг
Праг за предупредувањеедночасовна средна вредност180 µg/m3
Праг за алармирањеедночасовна среднавредност240 µg/m3
Надминувањето на прагот на алармирање треба да ce измери или предвиди во текот на три последователни часа дневно, за периодот во кој ce следи концентрацијата на озонот.